Top Sport

Харојан наместо во Лариса заминал во војна

Вараздан Харојан, репрезентативец на Ерменија, ја прекинал кариерата откако побарал да биде мобилизиран. Ерменија и Азербејџан започнаа воени дејствија во спорниот регион Нагорно-Карабах.

Харојан, кој на почетокот на месецов играшр во Скопје против Македонија, го раскина договорот со Урал за да може да потпише како слободен играч кариерата да ја продолжи во Грција.

Харојан требало да ѝ се приклучи на Лариса, меѓутоа го известил клубот дека нема да се појави бидејќи побарал да биде мобилизиран.

Овој 28 годишен фудбалер 52 пати го носел дресот на Ерменија. .

Scroll to Top