Top Sport

Против Ѓоковиќ носеше патики со слика на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со сигурна победа над Мајкл Имер го започна својот настап на Ролан Гарос. Првиот носител за 99 минути игра славеше на Имер со 6/0. 6/2, 6/3.

Во ниту еден момент немаше неизвесност во овој меч, но публиката на „Филип Шатрие“ уживаше во атрактивни потези. Младиот Швеѓанец, 80 на АТП листата, го имаше потегот на мечот.

Најголемо внимание привлекоа патиките со кои играше Имер. Швеѓанецот носеше патики од програмата на „Адидас“ кога Ѓоковиќ соработуваше до оваа компанија. На патиките има слика и на српскиот тенисер.

По мечот Имер не објаснил зошто се решил да го носи овој модел на патики токму против Ѓоковиќ.

Scroll to Top