Top Sport

Хау: Арсенал само трошеа време! Артета: Нашиот клуб не игра таков фудбал

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау ги обвини Арсенал дека трошеле многу време при 0:2 победата на „Сент Џејмс парк“, нешто што менаџерот на „топчиите“, Микел Артета го отфрли, бидејќи неговиот клуб „не игра таков фудбал“.

„Тие успеаја во својата тактика од нивна перспектива. Го успорија мечот. Правеа само прекини и не фрустрираа. Обично, ние сакаме топката да биде повеќе во игра, посебно кога бркате резултат“, вели Хау.

Артета го демантираше тоа, велејќи дека кога фудбалерите се повредени мора да добијат медицинска помош.

„Сигурен сум дека нашиот клуб не игра таков фудбал. Не сакам да зборувам за тоа, ние го направивме тоа што беше потребно да го добие мечот и јас сум задоволен“, вели Артета.

Scroll to Top