Top Sport

Два во еден! Ферстапен има „ракета“ – лесно ги помина Леклер и Магнусен во ист обид

Брзината на шампионскиот болид на Ред бул оваа сезона веќе е добро позната, но сепак, малку изненадуваше колку лесно Макс Ферстапен успеа да ги помине Шарл Леклер во Ферари и Кевин Магнусен во Хас во еден обид на Мајами ГП трката.

Холанѓанецот, кој стартуваше како деветти по лошите квалификации во саботата, успеа да скокне на шестото место, користејќи ја борбата на Леклер и Магнусен пред него. Апсолутна доминација.

Scroll to Top