Top Sport

Хау: Сакам Исак да биде во Њукасл и следната сезона

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сака шведскиот репрезентативец Александар Исак (25) да остане во англискиот клуб, објави денес „Скај Спортс“.

Британските медиуми објавија дека Исак не отпатувал со тимот на Њукасл, кој е на предсезонска турнеја во Азија.

Исак неодамна го информираше клубот дека сака да „истражи други опции“ за време на летниот преоден рок. Ливерпул покажа интерес за шведскиот играч, а Њукасл бара отштета од 150 милиони фунти.

„Тој е сè уште наш играч. Има договор со нас. Имаме одредена контрола врз тоа што ќе се случи следно. Би сакал да верувам дека сите опции ни се достапни. Сакам да остане, но тоа не е под моја целосна контрола. Не сме добиле формална понуда за Алекс од ниту еден клуб. Сакам да остане и да го гледаме како игра за нас и следната сезона“, рече Хау.

Исак има договор со Њукасл до 30 јуни 2028 година. Тој е член на Њукасл од 2022 година, а минатата сезона одигра 42 натпревари за англискиот клуб, постигна 27 гола.

Foto/ EPA

Scroll to Top