Top Sport

Хауге не сака да губи време, сака трансфер во Милан

Јенс Петер Хауге побарал од челниците на својот клуб да му овозможат трансфер во Милан. Младиот крилен напаѓач ги импресионирал челниците на Милан во дуелот со Бодо Глимт. Милан победи 3:2, а Хауге постигна гол и имаше една асистенција.

Милан исто како и напаѓачот имаат желба трансферот да го реализираат до крајот на преодниот рок. Бодо Глимт немаат ништо против но бараат 4.000.000 евра како обесштетување.

„Ако останам овде неделите ќе ми бидат долги. Ќе се чувствувам дека губам време“, рекол Хауге.

Инаку, Милан саакт час поскоро да го завршта трансферот бидејќи Златан Инрахимовиќ е во изолација поради коронавирусот, а Анте Ребиќ вчера доживеа незгодна повреда на лактот поради која ќе отсуствува најмалку до 17 октомври.

Scroll to Top