Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, сè уште не се опоравил од повредата и не е исклучено да го пропушти претстојното „Ел Класико“.
Хаусен го напушти кампот на шпанската репрезентација за време на претходната пауза, по што му е предвидена пауза од 10 до 15 дена. Сепак, тој сè уште не се вратил на тимските тренинзи и во моментов е под голем знак прашалник за натпреварот во недела.
Ова е голем проблем за Чаби Алонсо со оглед на тоа што Антонио Ридигер е веќе повреден, додека Давид Алаба излезе на полувремето против Хетафе со болка во мускулот.
Доколку Хаусен не е подготвен, стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Едер Милитао и Раул Асенсио, а да потсетиме дека се очекува Трент Александар-Арнолд да биде подготвен до недела.
Големи проблеми со повредени фудбалери има и колегата на Алонсо, Ханс Флик, кој поради суспензија нема да ја води Барселона од клупата против Реал.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.