Top Sport

Хаверц израмни за надеж на Шпанците, Германија уште во аут!

Замената Каи Хаверц во 73. минута успеа да израмни на 2:2 на мечот Германија-Костарика и така барем засега да ги врати Шпанија на позиција која води во осминафинале, иако неговата Германија сепак би била елиминирана.

Бидејќи Јапонците водат со 2:1 против Шпанија, во ваков случај Јапонија би била прва во групата со 6 поени, Шпанија би имала 4 заедно со Костарика, но би била во нокаут фазата поради драстично подобрата гол-разлика (по 7:0 победата).

Scroll to Top