Top Sport

Хаверц пред потпис со Челси, „сините“ ќе платат 90 милиони фунти!

Богатото лето на Челси продолжува, откако според германските медиуми веќе е договорен трансфер на ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, кој не се појавил на фитнес-тестот пред стартот на подготовките на бундеслигашот.

Според „Билд“, 21-годишниот Хаверц во петокот присуствувал на тестирањето на КОВИД-19, но во неделата бил отсустен од клубот и според нивните извори веќе е на пат за Лондон, каде што ќе се претстави како прва ѕвезда на преодниот рок кај Челси, кои потрошија најмногу ова лето.

Челси се согласиле да ја платат посакуваната сума од 90 милиони фунти и да го додадат Хаверц на импресивната листа на засилувања ова лето: Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Тијаго Силва, Бен Чилвел…

Scroll to Top