Top Sport

Мото ГП ѕвездата Оливеира ќе се жени за својата присестра

Новата Мото ГП ѕвезда, Португалецот Мигуел Оливеира ја шокираше локалната јавност со објавата дека предлжил брак на својата долгогодишна љубов, Андреја Пимента, која е негова присестра.

Пимента е ќерка од вториот брак на таткото на Оливеира, кој се разведе од мајката на возачот во 2003 кога Мигуел имал само осум години. Тој ја сретнал Андреја кога таа имала 13 години и тие долго време ја криеле својата врска поради семејните односи. Откако минатата година, тие конечно ја признаа врската на јавноста, сега ќе стапат во брак, кој го поддржува неговиот татко.

Необичната вест доаѓа откако возачот на КТМ, Оливеира минатиот викенд стигна до својата прва Мото ГП победа на ГП на Штаерска и стана вистинска атракција во португалските медиуми и вистинска инстант-ѕвезда.

Scroll to Top