Top Sport

Хаверц: Работев 15 години за овој момент и успеав

Германскиот тренер Томас Тухел кој на половина сезона го презема Челси дојде до својот прв трофеј во ЛШ откако минатата година со ПСЖ загуби во финалето од Баерн Минхен.

Од друга страна, Гвардиола остана на двата трофеја освоени со Барселона.

По Минхен 2012, денеска Челси по вторпат е на „покривот на Европа“.

Стрелецот на единствениот погодок на мечот, Каи Хаверц по завршувањето на мечот со изјава:

„Ова е неверојатно чувство, чекав долго време и успеав. Работев 15 години за овој момент и успеав. Пресреќен сум“.

Зборови на пофалба за него имаше и капитенот на „сините“ Аспиликуета:
„Го заслужи тоа, имаше тешка сезона, но неовиот менталитет е врвен, ќе биде ѕвезда. Но, тој веќе е ѕвезда, освои ЛШ“.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top