Најголемиот талент во германскиот фудбал, 21-годишниот Каи Хаверц побарал трансфер од Баер Леверкузен уште во следниов преоден рок, пишува „Билд“.
Информациите се дека офанзивниот фудбалер кој сезонава имаше учинок од 17 гола и 9 асистенции е најблиску до потпис со лондонски Челси.
Менаџерот Лампард гради млад тим, па откако на „Стемфорд Бриџ“ го доведе Тимо Вернер, сега сака во нападот да го поврзе со неговиот колега од репрезентацијата, Хаверц.
Освен Челси, за услугите на Германецот заинтересиран е и Баерн Минхен, но откако даде 49 милиони евра за Лирој Сане, се чини баварскиот клуб нема сила да си дозволи уште едно големо и скапо засилување
Според „Transfermarkt“ цената на Хаверц е 81 милион евра.