Top Sport

Хави Гарсија е најблиску до клупата на Валенсија

Валенсија во понеделник треба да го промовира новиот тренер. „Лилјаците“ пред 20 дена го отпуштија Алберт Селадес и привремено за тренер на првиот тим го поставија Воро Гонзалес.

„Кадена сер“ тврди дека новиот тренер на екипата од „Месталја“ ќе биде Хави Гарсија, иако во комбинација се и Хосе Бордалас тренерот на Хетафе, клупската легенда Рубен Бараха кој работи во Тенерифе и Висенте Морено кој ќе ја напушти Мајорка.

Хави Морено е поранешен тренер на Малага, без работа е од август минатата година кога доби отказ на клупата на Вотфорд. Во кариерата бил тренер и во руската лига, во Руби од Казањ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');