Фудбалскиот клуб Атлетик Билбао има желба да го врати во своите редови Хави Мартинез, објавија шпанските медиуми. Мартинез пред седум години го напушти Билабо и се пресели во Баерн Минхен, а извесно е дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти германскиот клуб.
„Билбао е рајот. И понатаму имам многу пријатели таму и не можам да кажам дека дека еден ден нема да се вратам“, изјавил пред извесно време за „Кикер“, Хави Мартинез.
За Баерн тој има одиграно преку 200 натпревари, бројката би била и поголема доколку низ годините нема проблеми со хроничната повреда на грбот.
Спортскиот директор на Атлетик Билабо Рафаел Алкорта ќе има многу работа во летниот преоден рок. Клубот ќе треба да се засили и во исто време да да се најде решение за Ариц Адуриз, Маркел Сусаета, Андер Итураспе и Микел Рико кои ќе бидат слободни играчи.