Top Sport

Хазенхитл во Саутемптон до 2024

Тренерот на премиер лигашот Саутемптон Ралф Хазенхитл (52) го продолжил договорот со клубот до 2024 година. Германецот пристигна на „Сент Мери“ во декември 2018 година.

„Ова за мене беше едноставна одлука поради врскаите што ги изградив со клубот, играчите и навивачите. Ова е важен чекор во моето патување. Моите играчи, луѓето со кои работам и навивачите мора да ја разберат посветеноста што ја имам кон клубот и кон она што се обидуваме да го изградиме“, рекол Хазенхитл за клупската интернет страница.

Саутемптон се наоѓа на 17 место во Премиерлигата. До крајот на сезоната која треба да продолжи на 17 јуни останаа уште девет кола.

Scroll to Top