Top Sport

Лаутаро Маринез ја договорил платата во Барса – 12.000.000 евра годишно

Барселона не се откажува од трансферот на Лаутаро Мартинез. Каталонски „Спорт“ тврди дека фудбалерот ги договорил личните услови со клубот од „Ноу Камп“.

Според овој извор доколку клубовите се договорат Лаутаро во Барселона годишно ќе заработува 12 милиони евра.

Интер и Барселона никако не можта да постигнат договор околу Аргентинецот. Проблем е што Барса нема кеш за да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра која важи само во периодот од 1 до 15 јули.

Интер не се согласува Барселона да плати одредена сума и добие еден или двајца фудбалери, најчесто се шпекулира со имињата на Нелсон Семедо и Артуро Видал.

Јасно е само дека доколку Лаутаро не потпише до 15 јули тогаш трансферот нема да биде резлисиран.

Scroll to Top