Младиот фудбалер на Челси Калум Хадсон-Одои ќе потпише нов пет годишен договор со „сините“ со ќе стави крај на шпекулациите дека ќе направи трансфер во Баерн Минхен.
Челси и Хадсон-Одои, во вторникот, постигнале договор околу продолжувањето на соработката. Младиот играч ќе добие неделна плата од 100.000 фунти, а во наредните денови соработката ќе биде официјализирана.
Актуелниот договор на 18 годишниот напаѓач истекува во јуни 2020 година, а од јануари тој одбиваше да потпише нов, бидејќи не беше задоволен од минутите што ги добиваше од тренерот Маурицио Сари.
Тогаш започнаа шпекулациите дека ќе се пресели во Баерн Минхен. Баварците дури и испратија понуда од 35 милиони милиони фунти. Оваа понуда Челси ја одбија без размислување.
Пресврт се случи откако Френк Лампард го презеде тимот, тој му ветил место во тимот на Хадсон-Одои.
Младиот фудбалер моментално се рехабилитира од повредата на Ахиловата тетива. Се очекува да се врати во тимот на почетокот на септември.