Top Sport

Хејлунд: Ериксен беше мојот линк со Јунајтед

Данскиот фудбалер Расмус Хeјлунд изјави дека сонародникот Кристијан Ериксен му помогнал да дојде во Манчестер jунајтед.

Данскиот напаѓач Јунајтед потпиша договор до јуни 2028 година, додека Аталанта доби 74 милиони евра обештетување, а ќе може да прихдува уште девет милиони преку утврдените бонуси.

„Одлично е што Кристијан Ериксен е тука, ме пречека. Во текот на летото тој се нарекуваше „менаџерот Кристијан“. Да не ме разберете погрешно, не преговараше тој околу мојот договор, но тој секако ме праша дали би сакал да дојдам во Јунајтед. Ми кажа дека Манчестер јунајтед навистина сака да ме ангажира, бидејќи клубот мисли дека сум возбудлив играч“, изјави младиот напаѓач за клупската веб-страница.

Хејлунд истакна дека негов идол во детството бил Кристијано Роналдо.

„Мојот идол е Роналдо. Татко ми ме запозна со него кога играше за Јунајтед, а јас го следев кога играше за Реал. Ми се допаѓа неговиот менталитет и фактот дека секогаш е гладен за голови“, заклучи Хејлунд.

Scroll to Top