Новиот тренер на Дарко Веловски во Ал Етифак, Стивен Џерард, планира во клубот од Саудиска Арабија да ги доведе играчот на Ливерпул Џордан Хендерсон и напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг, пренесуваат британските медиуми.
Џерард потпиша двегодишен договор со клубот од Саудиска Арабија, а пред Ал Етифак ги предводеше Глазгов Ренџерс и Астон Вила.
Британските медиуми пренесуваат дека новиот тренер на Ал Етикаф сака да го ангажира Хендерсон, кој има договор со Ливерпул до јуни 2025 година. Обамејанг (34) е член на Челзи од 2022 година, а претходно играше за Барселона, Арсенал, Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан.
Ал Етифак минатата сезона заврши на седмото место во првенството на Саудиска Арабија.
Дарко Велковски има договор со клубот до јуни 2024 година.