Top Sport

Хендерсон ќе стане најплатен англиски фудбалер во историјата

Досегашниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, се прости од клубот во кој ги помина последните 12 години од кариерата за да се приклучи на Ал-Етифак на Стивен Џерард. Со овој потег, играчот од средниот ред станува најплатениот англиски фудбалер во историјата.

Платата што Хендо ја договорил е 700.000 фунти неделно или 36 милиони фунти годишно. Тоа е речиси четири пати повеќе отколку што заработуваше на „Енфилд“ досега. Доколку го исполни договорот, кој ќе биде за три сезони, 33-годишниот играч ќе добие над 100 милиони фунти плата.

Заработката на Хендерсон е речиси двојно поголема од онаа на Маркус Рашфорд, кој беше најплатениот англиски фудбалер досега. Откако пред десет дена потпиша нов договор, ѕвездата на Манчестер Јунајтед заработува 375.000 фунти неделно. Неговиот тимски колега Џејден Санчо заработува по 350.000 фунти седмично.

И уште една интересна споредба, Хендерсон ќе биде платен трипати повеќе од капитенот на Англија, Хари Кејн, кој моментно игра за Тотенхем за 200.000 фунти неделно и од новата ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем, чија плата е 220.000 фунти за една седмица.

 

Scroll to Top