Top Sport

„Хендерсон ќе биде прв голман на Англија и Манчестер Јунајтед“

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, верува дека во блиска иднина Дин Хендерсон ќе биде број 1 во Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија.

Талентираниот голман (23) како позајмен играч од Манчестер Јунајтед брани во Шефилд.

„Дин многу напредуваше. Ќе видиме каде ќе биде наредната сезона се уште ништо не сме одлучиле, но тој во претходните години носеше одлични одлуки“, рекол Солскјер и дополнил.

„Собра големо искуство оваа сезона во Премиер лигата, а со она што го покажува само потврдува дека еден ден ќе биде англиски број 1 и дека ќе биде прв голман на Јунјатед“.

Она што не му оди во прилог на Хендерсон е фактот што Давид Де Хеа лани во септември потпиша нов четири годишен договор.

Scroll to Top