Top Sport

Хендерсон: Манчестер јунајтед се однесуваа криминално кон мене

Англискиот голман Дин Хендерсон го нападна Манчестер јунајтед откако тие одбија да го пуштат на позајмица минаатта сезона, велејќи дека се однесувале „криминално“ со него со тоа што дозволиле да пропушти цела сезона како замена за Давид де Хеа.

Хендерсон ова лето замина на позајмица во Нотингем форест, разочаран од малкуте шанси кои ги доби на „Олд Трафорд“ откако беше ѕвезда во Шефилд јунајтед. Тој влезе во првиот тим во 2020/21 со 26 настапи, но имаше само три настапи во 2021/22 и покрај уверувањето од поранешниот менаџер, Оле Гунар Солскјер дека ќе добие вистинска шанса.

„Минатото лето пропуштив многу добри шанси за позајмица бидејќи ми беше ветено првото место, и не ме пуштија. Тоа беше фрустрирачки, да се седи на клупата 12 месеци е криминално однесување на моја возраст. Бев бесен. Разговорот кој го имав по Евро 2020 беше дека се враќам да бидам број 1. За жал, добив КОВИД, но никој не оствари дел од ветувањата“, вели Хендерсон.

Хендерсон се приклучи на академијата на Јунјтед н 14 години, по што имаше пет позајмици пред ова лето. Тој играше за Стокпорт, Гримзби, Шрузебер ии Шефилд јунајтед.

Scroll to Top