Лорис Кариус не можеа да го утешат сите негови колеги од Ливерпул, откако германскиот голман направи две грешки кои беа клучни во 3:1 поразот во финалето на ЛШ од Реал Мадрид.
Меѓутоа, капитенот на тимот, Џордан Хендерсон не сакаше вината да ја префрли на било кој играч.
„Првиот гол не знам точно што се случи, дали Карим Бензема ја сопре топката со рака, а потоа за голот со ножички на Бејл никој не можеше да направи ништо. Третиот гол, топката имаше лош спин. Не се работи за грешките на Лорис Кариус, бидејќи дојдовме до финалето како тим и загубивме како тим. Не бевме доволно добри оваа вечер, но горд сум на моите соиграчи и на фановите кои дојдоа тука за нас. Фудбалот оди понатаму, имаме Светско првенство, а новата сезона ќе дојде бргу. Ова ќе боли, но одиме понатаму“, вели Хендерсон.
Од друга страна германската телевизија „ЗДФ“ тврдеше дека Кариус добил удар со лакт од контроверзниот Серхио Рамос, пред да ја направи првата клучна грешка.
Sergio Ramos has allegedly elbowed Loris Karius just two minutes ahead of his first mistake, according to Germany’s @ZDFsport.
?#UCLFinal pic.twitter.com/6a30p1NlL0
— DW Sports (@dw_sports) May 26, 2018
На крајот, Кариус можеше само да побара извинување од фановите на Ливерпул, но ако се следат коментарите по социјалните мрежи, тие од пред ТВ екраните нема да му простат на Германецот.
Karius in tears, apologizes to Liverpool fans pic.twitter.com/sU3za6UaIu
— Ahmed Al Omran (@ahmed) May 26, 2018