Top Sport

Хенес: Чудо е што Езил е капитен на Арсенал

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, нема висико мислење за Месут Езил. Откако Езил реши да се повлече од репрезентацијата, Хенес рекол дека тоа е добра работа, бидејќи со години бил „како дух“, а сега првиот човек на Баерн вели дека Езил не заслужува да биде капитен на Арсенал.

„Го следам со години и морам да признаам дека е добар маркетинг продукт, сликата е многу подобра од она што навистина е, а за мене тоа е лоша работа. Доколку Лев (селекторот на Германија), само еднаш заминеше во Лондон за да го гледа во живо, сигурно е дека немаша да го повика во репрезентацијата на Светското првенство. Вистинско чудо е што тој е капитен во Арсенал“, рекол Хенес.

Хенес не е единствениот во Германија што жестоко го критикуваше Езил, особено откако тој се сликаше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Поради жестоките критики, 29-годишниот фудбалер реши да се повлече од репрезентацијата.

Scroll to Top