Top Sport

Бетис го доби Рафиња

Бразилецот од Барселона, Рафиња, оваа сезона како позајмен фудбалер ќе настапува за Бетис. Двата клуба постигнале договор Бетис да плати 1,5 милиони евра, со можност по завршувањето на сезоната да го откупи договор на Рафиња за 25 милиони евра.

Рафиња минатата сезона, беше позајмен во Интер. Во Милано беа задоволни од неговите партии и имаа намера да го откупат неговиот договор, меѓутоа Барселона побара 38 милиони евра, поради што Интер се насочи кон други решенија.

Минатата сезона за Интер Рафиња одигра 17 натпревари и постигна два гола.

Scroll to Top