Top Sport

Хенес: Кејн ни даде збор дека ќе дојде во Баерн

Хари Кејн е подготвен за трансфер во Баерн Минхен. Претседателот на Управниот одбор на Баварците, Ули Хенсе, тврди дека Кејн му дал збор дека кариерата ќе ја продолжи во Минхен.

Ако оваа информација на „Билд “ е точна, тогаш на Баерн му останува потешкиот дел, односно преговорите со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

„ Хари Кејн многу јасно сигнализираше дека донел одлука. Ако го исполни дадениот збор, ќе го потпишеме. Тотенхем ќе мора да се откаже. Чекаме Леви да ја каже цената. Румениге често разговара со него“, изјави Хенес.

Ули Хеменс ја откри и главната причина поради која капитенот на Англија сака да се пресели во Минхен.

„Тој сака да игра во европските натпреварувања, а Тотенхем нема да биде таму следната сезона. Ние ќе бидеме таму“.

Баерн упати две понуди до Тотенхем, но и двете Даниел Леви ги одби. Договорот на Кејн истекува следното лето, а првиот човек на Тотенхем наводно за Кејн бара 100 милиони евра.

Scroll to Top