Претседателот на Баерн Михен, Ули Хенес, жестоко го критикувал спортскиот директор на ПСЖ, Антер Енрике, поради начинот на кој се обидел да го убеди Жером Боатенг да се пресели во Париз.
„ПСЖ, доколку сака да биде еден од најдобрите клубови во светот, не смее да си дозволи на таква позиција да има таков човек“, рекол Хенес и дополнил дека Баррн немал намера да го продаде Боатенг во Париз.
„Ние баравме како обесштетување 50 милиони евра, бидејќи не сакавме да го продадеме Боатенг, а знаевме дека ПСЖ нема да се согласи да плати толку пари за него. Со тоа ги исполнивме желбите на нашиот тренер, кој сакаше Боатенг да остане во клубот. Меѓутоа, Антер Енрике потоа ги мина сите граници и се обиде надвор од официјалните контакти со раководството на Баерн да дојде до него. Тоа е спротивно на правилата на ФИФА, но и на доброто однесување“, рекол Хенес и им порачал на челните луѓе во ПСЖ да си најдат нов спортски директор.
„Тој е лоша реклама за клубот“, завршил Хенес.