Top Sport

Марковиќ си го саботирал трансферот во Андерлехт

Српскиот фудбалер, Лазар Марковиќ, незадоволен од финансиските услови, самиот го стопирал трансферот во од Ливерпул во Андерлехт.

Во финишот на преодниот рок, Ливерпул се согласил да ја намали цената за Марковиќ. меѓутоа поранешниот репрезентативец на Србија бил незадоволен од финансиските услови и решил да не потпише договор со клубот од Брисел.

„Чекавме до крајот на преодниот рок и бевме подготвени да прифатиме некои работи што во минатото ги одбивавме. Сепак, тој инсистираше во договорот да има некои невозможни работи.Самиот е виновен што му пропадна трансферот“, рекол тренерот на Андерлехт, Хајн Ванхезербук.

Марковиќ, пролетниот дел од минатата сезона го мина како позајмен играч во Андерлехт. Србинот има договор со Ливерпул до јуни 2019 година.

Scroll to Top