Холандскиот фудбалски клуб Хераклес Алмело на шега објавија дека го обезбедиле потписот на ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, откако тренерот на „фармацевтите“ Петер Бос на шега изјави дека тој се приклучува на Хераклес по елиминацијата во Лига Европа.
По 2:1 поразот од Интер во Диселдорф, Бос, признавајќи дека му е смачено да одговара на прашањата до каде е трансферот на 21-годишниот Хаверц во Челси, вели дека тој ќе потпише за Хераклес.
„Да, можам ексклузивно да потврдам дека тој ќе игра за Хераклес Алмело“, изјави Бос.
Клубот не остана мирен на оваа објава, и веднаш потврди дека потпишале со напаѓачот, за кој Баер бара 100 милиони евра.
Welkom Kai ?
⚫️⚪️#AnnounceHavertz pic.twitter.com/NcCQIKqJhk
— Heracles Almelo (@HeraclesAlmelo) August 11, 2020