Top Sport

Хери Кејн доби ќеркичка!

Англискиот капитен, ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн и неговата свршеница Кејт Гудленд се пофалија со зголемувањето на нивното семејство по раѓањето на второто дете, ќеркичката Вивиен Џејн Кејн.

Кејн ја сподели радосната вест со своите 6.5 милиони следбеници на Инстаграм. 25-годишниот Кејн е со љубовта на својот живот Кејт од нивните средношколски денови. Хери и Кејт имаат уште една ќеркичка, едногодишната Ајви Џејн.

„Прекрасен додаток на нашето семејство! Вивиен Џејн Кејн. Горд сум на мојата Кејт“, напиша Кејн на Инстаграм.

Убавата вест доаѓа неколку дена пред Тотенхем да ја почнат новата сезона со гостување во Њукасл. Кејн се врати на тренинзите со својот клуб по настапот на СП во Русија, каде што беше најдобар стрелец, а Англија го освои четвртото место.

Scroll to Top