Top Sport

Фирмино има големо срце – донираше 60.000 фунти за терапија на две деца

Роберто Фирмино и неговата сопруга Лариса Переира помогнаа на двајца родители чии деца имаат ретка генетска болест, атрофија на мускулите на ’рбетот, плаќајќи 60.000 фунти за едногодишен третман.

Ѕвездата на Ливерпул ги даде средствата потребни за неговите мали фанови, 6-годишниот Жоао де Аморим и 11-месечниот Мигуел де Аморим за терапија за ретката болест. Родителите на двете деца, Алекс Жозе де Аморим и Грасиели Шлемер од бразилската држава Санта Катарина побараа донации за скапиот третман на Интернет ,кога Фирмино и Лариса решија да ја надополнат потребната сума.

„Лариса Переира, сопругата на Роберто котнактираше со нас и ми го смири срцето велејќи дека таа ќе донира колу е потребно“, изјави мајката Грасиели.

Семејството потоа објави емоционално видео на социјалните мрежи, на кое едно од момчињата носи дрес на Ливерпул со името на Фирмино, а мајката бразилски дрес со неговото име.

„И ние сме родители и можеме само да замислиме низ што поминуваат. Роберто секогаш саска да помогне без да бара нешто“, изјави неговата сопруга Лариса.

Секоја чест!

Scroll to Top