Англискиот капитен Хери Кејн признава дека промашувањето на пеналот против Франција ќе го боли „долго време“. Кејн веќе имаше дадено еден пенал во второто полувреме за Англија да израмни на 1:1, пред Французите пак да поведат преку Оливие Жиру. Меѓутоа, Кејн во 83. минута доби шанса за израмнување и за продолжувања кога беше досуден втор пенал за „трите лава“, праќајќи го ударот високо над голот.
„Јас сум секогаш подготвен, за еден, два три пенали пред секој меч. Секогаш знам што треба да направам. Првиот пенал беше одлчен, вториот… Едноствно не ја удрив топката како што требаше. Тоа е нешто што морам да го прифатам. Ќе боли долго време сигурно. Целиот меч ќе боли бидејќи верувавме дека имаме тим за успех. Како капитен, морам да го прифатам тоа и само да додадам дека сум многу горд на моите момци“, вели Кејн.
Со првиот гол од пенал, Кејн се израмни со Вејн Руни со 53. гола во националниот дрес.