Народната банка на Англија ја отфрли петицијата со која се бараше дефанзивецот на Лестер сити и на англиската репрезентација, Хери Мегвајр да се најде на новата банкнота на 50 фунти, и тоа со фотографија со која е на еднорог.
Петицијата за Мегвајр собра 42.000 потписи, но тоа не наиде на добар прием кај британската влада, која реши сегашната банкнота на која се Метју Бултон и Џејмс Ват, клучните луѓе во изумувањето на парната машина да бида заменети со „познати научници“.

„Има многу личности чија работа го формираше начинот на кој се гледа кон светот и кои ги инспирираат луѓето“, изјави гувернерот Марк Карни.
Според „Би-би-си“ најголем фаворит за појавување на банкнотата е покојниот професор Стивен Хокинг, иако има главна конкуренција во Алан Тјуринг и Ада Лавлејс.
