Top Sport

Одземен пасошот на Роналдињо, должи 2 милиони евра, на сметка има 5 евра!

Судот во бразилската држава Рио Гранде до Сул му го одзеде пасошот на легендарниот Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис Мореира поради неплатени долгови на државата.

Според „ЕСПН“ се работи за долг од 8.5 милиони бразилски реали (над 2 милиони евра) за изградба на платформа за рибарење на брегот на реката Гуајаба, што според државата е нелегално бидејќи била изградена во област заштитена со закон.

Роналдињо и неговиот брат одбивале да ја платат казната, така што тие се решиле да им ги одземат пасошите додека не се покријат долговите. Во решението на Рио Гранде до Сул стои дека двајцата на сметка имале нешто повеќе од 5 евра, односно јасно е дека парите кои Роналдињо ги заработи со фудбалот се на други сметки.

Scroll to Top