Top Sport

Хери Вилсон со вистинска „мајсторија“ од слободен удар (видео)

Младиот фудбалер на Бурнемаут, Хери Вилсон во неделата постигна еден од најубавите голови од слободен удар во 2019 година, откако во финишот на првото полувреме против Манчестер сити од повеќе од 20 метри го погоди аголот на голот на Едерсон.

Со ова 22-годишниот Вилсон стана првиот фудбалер оваа сезона во Премиер лигата кој постигнал два гола надвор од шестнаесетникот, а ако се смета и минатата сезона, тој има неверојатни 11 голови надвор од шестнаесетникот. Секоја чест.

Scroll to Top