Top Sport

Агуеро стигна до својот 400. гол и ги врати Сити на победите (видео)

Англискиот шампион Манчестер сити се созеде од драматичното реми (2:2) со Тотенхем во минатото коло, за да стигне до релативно едноставна 3:1 победа на гостувањето во Бурнемаут.

„Граѓаните“ ја преземаа контролата на играта од стартот, и Серхио Агуеро повторно беше човек на одлука, откако уште во 15. минута ги донесе Сити во водство, пред во 43. минута, Рахим Стерлинг да го зголеми водството на 0:2. Сепак, надеж за позитивен резултат кај навивачите на „Вајталити“ остана откако младиот Хери Вилсон постигна магичен гол од слободен удар во судското продолжение за второто полувреме да се почне со достижни 1:2.

Но, „машината“ на Гвардиола не дозволи вакво сценарио, откако во 64. минута по една акција на Давид Силва и Агуеро, одбраната на Бурнемаут несфатливо му дозволи на Агуеро да се дошета во шестнаесетикот и да го постигне вториот гол на мечот.

Scroll to Top