Лукас Ернандез е еден од хероите во победата на Баерн над Барселона. Францускиот репрезентативец го постигна првиот гол бо победата 2:0.
Фернандез со повреда го завршил натпреварот, а денеска клубот потврди дека поради повреда на мускулот ќе отсуствува од тимот околу пет недели.
Лукас ќе го пропушти густиот октомвриски распоред, бидејќи по репрезентативната пауза Баерн ќе одигра три натпревари во Лигата на шампионите и пет во Бундес лигата.
Извесно е дека Лукас ќе го пропушти претстојниот дуел со Аугсбург, а потоа по паузата и дуелите со Дортмунд, Фрајбург и Леверкузен, двомечот со Пилзен во Лигата на шампионите, а во најдобар случај ќе се врати за дуелот со Хофенхајм на 22. октомври и со Барселона четири дена подоцна.