Германскиот фудбалски бундеслигаш, Херта од Берлин сака да го доведе на кормилото на клубот хрватскиот тренер, Нико Ковач на местото на Анте Човиќ кој не ја започна сезоната на најдобар начин.
Ковач од неодамна не е веќе на кормилото на Баерн Минхен откако дел од играчите му свртеа грб, а немаше ниту поддршка од Управата на клубот.
Германските медиуми пишуваа дека Хрватот може да добие 10 милиони на сметка на отштета, а сега наголемо пишуваат за интересот на Херта токму тој да биде новиот стратег. Нико Ковач помина 8 години во тимот од Берлин.
Херта на почетокот на сезоната ремизираше 2-2 против Баерн, додека Ковач се уште беше на челото на баварскиот клуб, но потоа запишаа 3 порази.
По 11 кола, Херта е на 12 позиција со само 11 освоени бода.
Тоа не задоволува никого во клубот, па веќе почна да се бара замена на тренерот Човиќ. Медиумите во Германија пишуваат дека преговорите на Херта и Ковач најверојатно ќе започнат уште пред крајот на полусезоната.