Херта Берлин излезе од зоната за испаѓање во Бундеслигата, откако во првото полувреме го декласираше Баер Леверкузен за 3:0 победа на „Олимпискиот стадион“.
Работата беше завршена во првиот половина час игра откако Дејоваисио Цефук (3.), Матеуш Куња (26.) и Џон Кордоба (33.) стрелаа за „старата дама“да ја забележи само втората победа во последните шест меча.
Претходно, и Мајнц направи изненадување, победувајќи со 2:1 на гости кај Хофенхајм за да излезе од зоната за испаѓање, каде што сега се Келн, Арминија и веќе „отпишаниот“ Шалке.
На осум кола пред крајот Херта се 14. со 24 поени, колку што има и Келн на 15. место, Келн имаат 23, а Арминија 22, додека Шалке собраа само 10 поени.