Минатогодишниот германски вице-шампион Шалке нема најдобар старт на новата сезона во Бундеслигата, откако на домашен терен беа шокирани со 0:2 од Херта, тим кој има две победи по две кола.
Даниел Калигури во 14. минута утна пенал за домашните, што веднаш беше казнето на другата страна преку Ондреј Дуда. Како што траеше натпреварот раснеше фрустрацијата на домашните и Конопљанка доби црвен картон, по што Дуда со уште еден гол ја запечати судбината на Шалке.
И Лајпциг не помина најдобро откако новиот прволигаш Фортуна Диселдорф успеа да извлече 1:1 на тешкото гостување.