Top Sport

Гол-шоу на Ноу Камп! Барса-Хуеска 8:2! (видео)

Хуеска се сеќаваше на последното гостување на „Ноу камп“, кога загуби со 8:1. Затоа „запнаа“ и на стартот поведоа со 1:0 уште во третата минута – за на крајот, на нивна жал, да загубат со 8:2.

Неверојатното гол-шоу на „Ноу камп“ по голот на Кучо во третата минута, продолжи преку фантастичниот гол на Лео Меси во 16. минута, во 24. минута Хуеска си постигнаа автогол, а во 39. минута, Луис Суарез зголеми на 3:1. Хуеска не се предаде и во 42. минута намали на 3:2, за второто полувреме целосно да им припадне на шампионите.

Дембеле (48.), Ракитиќ (52.), повторно Меси (61.), Жорди Алба (81.) и Луис Суарез од пенал (91.) ја наполнија мрежата на гостите за една импресивна победа на Каталонците, трета во третиот меч од новата сезона. За новиот прволигаш Хуеска ова е прв пораз во новата сезона.

Scroll to Top