„Отпадникот“ на Ливерпул, Лорис Кариус во текот на летото може да се врати во својата татковина Германија, откако Херта Берлин се заинтересирани да го донесат поранешниот голман на Мајнц во престолнината.
26-годишниот Кариус пристигна во Ливерпул во јули 2016 година, но по катастрофалните грешки во финалето на ЛШ во 2018 година, кога „црвените“ загубија од Реал Мадрид, беше пратен на позајмица во Бешикташ. Ливерпул го купија одличниот Алисон Бекер од Рома и сега место за Кариус на „Енфилд“ нема
Бешикташ има опција да го откупи Кариус за 8 милиони евра, но турскиот клуб не е заинтересиран за ова, а Херта има одлична опција за него, бидејќи неговата девојка Софија Томалија живее и работи во Берлин. Херта како прв голман го има Руне Јарстеин веќе четири години, но во последните неколку мечеви пред паузата поради корона вирусот неговата форма беше падната и тој беше заменувам од Томас Крафт. Двајцата голмани имаат договори кои завршуваат наскоро – Крафт во јуни оваа година, а Јарстеин во 2021.