Top Sport

Херта плаќа „куп пари“ поради навивачите

Фудбалскиот клуб Херта поради неспортското однесување на своите навивачи ќе мора да уплати во касата на Бундеслигата 190.000 евра. Ова е рекордна казна во германскиот фудбал.

На 2 ноември минатата година, по пауза од шест години, се соочија градските ривали Унион Берлин и Херта. Натпреварот заврши со победа на Унион Берлин 1:0. Навивачите на двата клуба на свој начин го „обележаа“ натпреварот.

Палеле факели и знамиња, фрлале петарди, се тепале со редарите. Епилогот е четворица уапсени и тројца повредени навивачи.

За инцидентите на тој натпревар голема парична казна добил и Унион Берлин. Тие во касата на Бундеслигата ќе уплатата 158.000 евра.

Scroll to Top