Top Sport

Федерер за „врати од мртвите“ против Милман

Роџер Федерер успеа да се пласира во осмина-финалето на Австралија опен откако по голема борба и неверојатен пресврт, во пет сета, успеа да го победи домашниот миленик Џон Милман (47 на АТП листата).

Федерер висеше над бездната, Миламан имаше предност 8:4 во супер тај-брејкот во петтиот сет, меѓутоа успеа да направи неверојатен пресврт, освои шест поени во низа и го заклучи сетот и мечот со 10:0.

Швајцарецот го победи Милман за четири часа и седум минути со 4/6, 7/6, 6/4, 4/6, 7/6 (10:8).

Милман ќе жали што ја пропушти шансата уште еднаш да го победи големиот Федерер. На Ју-Ес опен во 2018 година Австралиецот го елиминираше Федерер во осмина-финалето.

Домашниот тенисер одигра одличен меч, максимално го користеше лошиот ден на Федерер, а во решавачкиот сет имаше два сервиси за победа. Тука му се „стегна“ раката, Федерер го искористи моментот освои шест поени во низа, од кои три на сервис на противникот и го заклучи мечот.

Во наредната рунда противник на Федерер ќе му биде Унгарецот Мартон Фучович.

Scroll to Top