Top Sport

Херта со трето реми во низа го „сонува“ опстанокот

Берлинска Херта освои бод 1-1 на гостувањето кај Мајнц во нивниот 29-ти натпревар сезонава во Бундеслигата. До третото врзано реми фудбалерите на Херта стигнаа благодарение на погодокот на Тусарт во 36 минута, тогаш за водство на гостите о 0-1.

Сепак конечните 1-1 ги постави Мвене со прекрасен погодок во 40 минута, откако од работ на шеснаесетникот погоди во аголот на противничкиот гол.

За Мајнц ова реми значеше речиси обезбеден опстанок во Бундеслигата, а Херта и трет меч по ред игра нерешено.

За разлика од конкурентите кои се во зоната за испаѓање, тимот од Берлин кој во моментов има 27 бода има и два меча повеќе за играње, па се уште има надеж за и следната сезона да настапуваат во елитната конкуренција.

Scroll to Top