Top Sport

Хесус Корона потпиша договор со Севилја

Фудбалскиот клуб Севилја го потврди трансферот на Хесус „Текитато“ Корона. Репрезентативецот на Мексико, со клубот од Андалузија, потпиша договор до јуни 2025 година.

Спортскиот директор на Севилја, Мончи, успешно реализираше уште еден трансфер. Мончи за само 3.000.000 евра успеа да донесе фудбалер, чија вредност на „Трансфермаркт“ се проценува на 20.000.000 евра.

Порто, мораа да ја прифатат понудата, бидејќи Корона влезе во последните неколку месеци од договорот.

Севилја, бараше засилување, бидејќи поради повреди Сусо и Ерик Ламела уште некое време ќе бидат отсутни, а се уште не е познато кога во тимот ќе се врати капитенот Хесус Навас.

Scroll to Top