Top Sport

Хет-трик на Халанд, Сити ги растури „шумарите“, нова победа за Арсенал

Арсенал го задржа максималниот ефект во Премиер лигата по триумфот над Астон Вила (2:1). Новите напаѓачи на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез го декласираа Нотингем Форест, а Борнмут по дебаклот во Ливерпул освои бод против Вулверхемптон (0:0).

Ерилнг Халанд за едно полувреме го декласира Нотингем Форест. Норвежанецот постигна три гола во првото полувреме. Во првите пет натпревари за Сити, Халанд забечележа два хет-трика. Во воторот полувреме гол постигна и Жоао Кансело, а дебаклот на „шумарите“ од 6:0 го комплетираше Аргентинецот Алварез со два гола.

Арсенал има пет од пет на почетокот од сезоната. Габриел Жесус ја потврди добрата форма го постигна првиот гол во 30.минута. Астон Вила израмни со голот на Даглас Луис во 74.минута, а три минути подоцна неговиот сонародник Мартинели му ја донесе победата на Арсенал.

Scroll to Top