Top Sport

Хет-трик на неверојатниот Вернер, убедлива победа за „биковите“ (видео)

РБ Лајпциг се врати на победите по четири кола во Бундеслигата, откако инспирирани од хет-трикот гола на фантастичниот Тимо Вернер стигна до 5:0 победа на гости кај Мајнц.

Победникот беше одлучен во првото полувреме, откако прво Вернер во 11. минута ги донесе „биковите“ во водство, Јусуф Поулсен зголеми на 2:0 во 23. минута, пред Марсел Забицер во 36. минута да зголеми на 3:0.

Вернер, кој според многу извори од Англија ќе биде прва мета на Ливерпул во летниот преоден рок, потоа го комплетираше хет-трикот во второто полувреме – во 48. минута постигна фантастичен гол, за во 75. минута да ги постави конечните 5:0.

Со трите гола против Мајнц, Вернер стигна до 24 гола во Бундеслигата оваа сезона, што е негов личен рекорд.

Scroll to Top