Бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов доби голема чест од британскиот весник „Дејли мејл“, кој го прогласи неговиот хет-трик против Ливерпул за најдобар во историјата на Премиер лигата.
На 19 септември 2010 година, фудбалерот од Благоевград постигна три гола на преполниот „Олд Трафорд“ за 3:2 победа над најголемиот ривал Ливерпул. Бербатов тогаш стана првиот фудбалер на Јунајтед по 64 години кој му дал три гола на Ливерпул.
„Брилијантна техника, драма во финишот, и историско остварување на еден од најдобрите напаѓачи во 26-годишната историја на Премиер лигата“, велат во „Дејли мејл“.
Зад него во најдобрата „десетка“ се и Роби Фаулер, Луис Суарез, Денис Бергкамп, Робин ван Перси, Алан Ширер, Мет Ле Тисие и Фабрицио Раванели.
Фото: ЕПА