Top Sport

Хет-трикот на Роналдо го фрли во сенка дебито на Златан за Милан (кои пак не победија) (видео)

Кристијано Роналдо постигна хет-трик и имаше асистенција за да ги предводи Јувентус до 4:0 победа над Каљари, додека Златан Ибрахимовиќ како замена во второто полувреме влезе за Милан при разочарувачкото 0:0 реми со Сампдорија. Затоа, Аталанта, продолжува да „гази“, декласирајќи ја Парма со 5:0 во 18. коло во Серија А, прво во 2020 година.

По тешкото прво полувреме против опасниот тим од Сардинија, Роналдо го отвори резултатот во 49. минута, за во 67. минута од пенал да зголеми на 2:0. Финишот беше фуриозен за „старата дама“ – Гонзало Игуаин во 81. минута зголеми на 3:0, а само минута подоцна, ЦР7 го комплетираше хет-трикот за да ги врати Јувентус на првото место на табелата со 45 поени, три повеќе од Интер, кој вечер игра со Наполи.

На „Сан Сиро“ пак, се случи долгоочекуваното враќање на Златан Ибрахимовиќ во дресот на „росонерите“, откако влезе во 55. минута како замена за Кшиштоф Пјонтек. Сепак, без многу шанси, Милан мораше да се задоволи со ново реми без голови и да остане на 12. место на табелата со само 22 поени.

Разиграната Аталанта пак, по 5:0 победата над Милан минатата година, овојпат ги „здрви“ Парма со идентичен резултат. Папу Гомез во 11. минута го отвори резултатот со прекрасен гол, а Фројлер и Госенс зголемија на 3:0 пред полувремето, по што Јосип Иличиќ со два гола ја потврди убедливата победа. Аталанта е петта во Серија А со 34 поени, само еден помалку од четвртопласираната Рома.

СЕРИЈА А, 18.КОЛО

Јувентус – Каљари 4:0

Милан – Сампдорија 0:0

Аталанта – Парма 5:0

ЈУВЕНТУС – КАЉАРИ

МИЛАН – САМПДОРИЈА

АТАЛАНТА – ПАРМА

Scroll to Top